(ВИДЕО) Васев: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски работат за враќање во изолација и поделби, за квази сојузи и анти западни политики

Од:

Наместо да ги осуди скандалозните изјави на Иванка Василевска од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за припојување кон други држави, Христијан Мицкоски ги брани таквите антидржавни, антизападни и антимакедонски ставови, рече Стефан Васев од СДСМ.

„Јасна е разликата помеѓу антидржавното и антизападното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и интегративните и развојни политики на СДСМ.

СДСМ заедно со сите прогресивни партии работи на интеграција во НАТО и ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски работат за враќање во изолација и поделби, за квази сојузи и анти западни политики.

СДСМ останува посветена на евроинтегративниот процес, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат посветени на обнова на режимот и криминалот.

Со таква понуда Мицкоски ќе доживее нов пораз на изборите на 12 април, граѓаните уште еднаш ќе ги поразат неговите деструктивните политики и ќе потврдат дека државата е на прав пат.“, наведе Васев.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време