(ВИДЕО) Ванковска: Како деканот ќе го сумира ставот кога ние не сме разговарале за државниот испит?

Од:

Универзитетската професорка Билјана Ванковска на дебатата на Студентскиот пленум посочи дека протестот требало да се случи за да ги разбуди професорите.

-Требаше студентите да ни одржат лекција во вид на оној марш, треба да признам дека сум посрамотена што сум поканета од Студентскиот пленум, а не дојдов самата порано, рече Ванковска на дилемата што и како треба да направат професорите и како да ја дадат поддршката на студентите.

Таа потсети дека досега немало никакви или слаби реакции на многуте реформи кога се носеше законот за образование во 2008 година, а потоа и во 2011 година, а ништо не остана од автономијата на Универзитетот.

-Ние професорите од првиот универзитет, меѓу себе не се знаеме, сега прв пат се запознаваме, немаме место каде да се собереме. Она со ректоратот тоа е отуѓено, јас немам никаква можност да се обратам таму, освен со колумна. Комуникацијата со Деканатите никаква, зашто морате да се најавите, па ве повикуваат зашто сте ја издале адресата на филозофскиот факултет, тоа било државна тајна, а на таа адреса стигнуваат реклами за вијагра и никому ништо, рече Ванковска.

10866805_10204308620688425_137639841_n

-На 5 декември ректорот испратил до деканите допис и тоа стасува после празникот до факултетите, па потоа од Управата до институтите , а овие денови ние како инстутитите треба да кажеме став.Мене ми е страв како Деканот до понеделник ќе ги сумира резултатите кога треба да ги испрати, а ние не сме седнале да разговараме, немаме ниту електронска комуникација, рече Ванковска.

10841113_10204308620608423_359495190_n

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Бачовски: Вклучувањето во единствениот пазар на ЕУ значи пласман за македонските производи на големиот европски пазар

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски