(ВИДЕО) Ванковска: Фаворитите се наводно утврдени однапред и тоа ја убива волјата на граѓаните

Од:

Само да се заблагодарам на сите оние кои масовно излегоа денес, ако не се лажам некаде во 17 часот беше двојно зголемена излезноста во споредба со претседателските избори од 2019 година што зборува за зголемената понуда, но и за зголемена побарувачка кај граѓаните да го искажат своето мислење каде се движи државата, истакна кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска.

– За жал како да во македонија како да се одвиваат два изборни процеси, двајцата противкнадидати од албанскиот блок како да се натпреваруваат меѓусебе и како тоа ќе се рефлектира врз парламентарните избори.

Што се однесува до македонскиот блок, она што го видов пред да стигнам е дека некои медиуми веќе ги прогласија победниците и тоа ме врати на мојата прва прес-конференција и едно од првите прашања беше кому Ванковска ќе ги даде гласовите во вториот круг.

Фаворитите се наводно утврдени и тоа ја убива волјата на граѓаните. Ќе почекаме да ги видиме реултатите и се надевам дека поголемата излезност значи и повеќе гласови за мене како претставник на Левица. Ова однапред завршување на трката го сметам за преурането – истакна на прес-конференција Билјана Ванковска.

Би можело да ве интересира

Левица: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

А1он

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он