(ВИДЕО) ВАНДАЛИЗАМ: Со асистенција на полиција се уништи зеленилото кај Бристол

Од:

Во 3 и пол часот наутро, полиција и припадници на специјалните сили влегоа во шаторите и ги истераа луѓето кои кампуваа во одбрана на паркот спроти Бристол.

Загрижените граѓани беа исфрлени и проработија моторните пили, за неколку минути просторот беше соголен.
„Уа фашистичка полиција, кого браните за 200 евра. Зошто се плашите од Груевски и Јанкуловска. Иднината ќе ве казни“ извикуваа кон полицајците.

Полицијата ги одземаше телефоните и апаратите на присутните за да не се регистрира што се случува во 3 по полноќ во центарот на Скопје.

Луѓето, меѓу кои и жени, буквално беа влечени и сосила отстранувани. На местото, единствената зелена површина, која граѓаните ја нарекоа „Паркот на Груевски“ треба да никне барокен Совет за Радио-дифузија.

Би можело да ве интересира

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он