(ВИДЕО) Валентин Груевски: Ќе изградиме надвозник кај населбата Боримечка за безбедно пристигнување до училиштето Коле Канински

Од:

Носителот на листата за советници од СДСМ за општина Битола, Валентин Груевски денеска во изјава за медиумите рече дека еден од најголемите сообраќајни проблеми во градот е доаѓањето на училиште на децата од населбата Боримечка во училиштето Коле Канински.

– За да стигнат на час мораат да преминат преку железничка пруга и многу прометна улица. Новата локална власт ветува многу работа, многу посветеност и живот во Битола за сите. Ветуваме изградба на надвозник кај населба Боримечка преку кој безбедно ќе може да се поминува и да се стига во училиштето Коле Канински, рече Валентин Груевски.

Тој најави одговорно градење, транспарентно и домаќинско работење за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата животна средина.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ