ВИДЕО: Вакцинација викендов за македонските граѓани во Врање, но и во Белград

Од:

Во Србија продолжува бесплатната вакцинација на граѓаните од соседните земји, а во Врање викендов се вакцинираат граѓани од Македонија.

Во Врање за вакцинација викендов пријавени се 753 македонски граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со „Фајзер“. Досега во Врање се вакцинирани 1.105 граѓани на Македонија, а двете дози ги имаат примено 836 лица.

Македонските граѓани за српските медиуми велат дека дошле по вакцини во Врање за да се заштитат и конечно да им заврши агонијата со панедмијата.

Цели семејства од земјава се отпатувани во Врање за вакцинацијата.

-Првенствено за да се заштитиме, не патуваме никаде, не планиравме, освен Србија и Република Српска, превентивно, вели Станоје Гордиќ од Скопје, кој е дојден во Врање со целото семејство.

Вакцинација за македонските граѓани денеска има и на пунктот на белградскиот саем.

-Денеска, планот е да се вакцинираат и ревакцинираат граѓаните на Србија, но ќе се изврши бесплатна вакцинација и на граѓаните на Босна и Херцеговина, Република Српска и Република Северна Македонија, потврдуваат надлежните за вакцинацијата на најголемиот пункт во Србија.

Околу 2500 македонски граѓани ноќеска и утрово ја поминале македонско-српската граница на преминот Табановце соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Во Врање по масовна тепачка ранети се тројца насилници

Горан Наумовски

Дејан oд Врање кој ја избоде сопругата до смрт, останува зад решетки до крајот на животот

Горан Наумовски

Милиони динари се украдени од епархиската црква Света Троица во Врање: Засега не се знае кој е крадецот

Ученици во Врање тепани и врзувани: Ги терале да шетаат голи низ училница

А1он

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто