ВИДЕО: Успешно прво издание на еко акцијата „Мој Охрид, чист Охрид“

Од:

Повеќе од 1.200 охриѓани денес зедоа активно учество во големата ЕКО акција „Мој Охрид, чист Охрид“ која имаше за цел комплетно да се исчисти градот во пресрет на туристичката сезона.

– На наше огромно задоволство, на денешната акција се одзваа повеќе од 1.200 охриѓани, кои поделени во 9 Зони собраа над 500 големи вреќи ѓубре. Охриѓани ја препознаа акцијата како своја, а голем дел од нив, кои беа спречени да дојдат на лице место, организираа свои „мини акција“ во домовите, зградите и фирмите каде работат, објавија организаторите.

Во рамките на големата ЕКО акција „Мој Охрид, чист Охрид“ се чистеше на потегот од населбата Воска до хотелот „Десарет“. Првиот реон беше комплетно чистење на плажата кај Воска, следен реон беше Стариот град, потоа потегот од мостот до плажата „Golden beach“, до „Славија“, зона 5 беше од „Славија“ до хотел „Аквалина“, потоа до хотел „Гранит“, следната зона беше до хотел „Метропол“, зона 8 од хотел „Метропол“ до плажа „Атлантис“ и последниот реон беше до Пештани и хотел „Десарет“.

– За сите учесници беа обезбедени вреќи, вода и ракавици, а посебни екипи на охридскиот Црвен крст со медицински ранци беа постојано при рака при евентуални поситни повреди. За подалечните зони беше обезбеден превоз со автобуси на АД „Галеб“, до кои испраќаме голема благодарност, а секако и до сите охриѓани, вработените во локалната самоуправа и особено во ЈП „Охридски Комуналец“, спортски и еко здруженија, кафе барови и сите добронамерници коипомогнаа Охрид да блесне во целата своја убавина. Да го задржиме ваков во пресрет на сезоната. додаваат од „Мој Охрид, чист Охрид“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски