ВИДЕО: Уште еден „бисерен“ хит за многудетно семејство

Од:

По конкурсите за поддршка на домашната музичка продукција, од објавениот четврт квартален конкурс од 27.09.2014 година, по одлука на Македонска Радиотелевизија од февруари годинава, се појави уште еден видео запис, на Ѓорѓи Крстевски за “Домот ни е се“.

Со униформа се враќа дома (не е јасно од каде) па го чекаат сопругата и децата. Тој пее за “две сонца“ на спотот има три деца-сето ова е краток опис на видео записот и песната со која треба да се промовираат семејни вредности.

Ѓорѓи Крстевски двете песни ги добил во категоријата врвен изведувач, а една песна во категоријата со која се промовираат семејни вредности во општеството, а се јавува и како автор на уште една песна. Секоја песна од оваа категорија се финансира со по 3000 евра, од кои 1500 евра се за аудио запис, а 1500 евра за видео запис.

На четвртиот конкурс во објавената одлука за поддршка и промовирање на македонската музика, има дури и песни кои не се на македонски јазик, како таа на Елвир Мекиќ “МРЗИМ ЉУБАВ“, во категоријата “врвен изведувач“.

Би можело да ве интересира

Македонија му удри црн печат во пасошот на бугарски рапер

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Жестока дебата на Кире Костов и Мирко Попов

Емир Латифовиќ

Формирана комисија за случувањата меѓу ММИ и националните телевизиски куќи

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Хуманитарен божикен мјузикл во Струмица

Емир Латифовиќ

Нацоски во Рим: „Орелски крилја как да си метнех“

Кејт Мидлтон

ВИДЕО: 60.000 на концертот на Цеца во Струмица

Ана Ололовска