ВИДЕО: УМС на ВМРО-ДПМНЕ закачи црни панделки на оградата пред Владата

Од:

Овде сме денеска со Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ да симболично го одбележиме најцрното владеење на најцрната Влада во историјата на Република Македонија, рече Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во таа смисла со црни панделки ќе ја закачиме оградата на Владата, онаа ограда која што требаше да стане нели ограда, а клупи односно од неа да направи. Меѓутоа се уште егзистира заради најверојатно безбедноста на Владата, бидејќи свесни се дека досега го испорачуваат најцрното владеење во историјата на Република Македонија, рече Михајловски.

– Црна дупка во културата. Црна дупка во економијата. Црна погубна политика надворешна. Црно распродавање на нашите државни интереси. И едноставно решивме дека црнилата кои припаѓаат треба да ги означиме за да продолжат да ги носат со нив и да знаат дека ништо досега што направиле не носи светлина туку носат само од црно поцрно, додаде Михајловски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага за користење службено возило за приватни цели од страна на претседателот на ССМ Трендафилов

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинувањата на Трендафилов за Стојаноска се неосновани

Горан Наумовски