ВИДЕО: Украсена подводната новогодишна елка на дното на Охридското езеро

Од:

Нуркачите на Нуркачкиот центар „Амфора“ и Клубот за подводни активности „Охрид“ годинава по 17-ти пат ја поставија и украсија подводната новогодишна елка на дното на Охридското Eзеро кај Заливот на коските Градиште. На еден редок и уникатен начин тие своите новогодишни честитки ги упатуваат до децата со ретки болести на кои им ја посветуваат оваа ретка подводна новогодишна елка.

„Со желби за добро здравје , навремена дијагноза и достапност на лековите кои значат живот за децата со ретки болести по трет пат годиниве им ја посветуваме оваа елка токму нив, бидејки во нивниот живот полн со предизвици им е најпотребна нашата поддршка. Настанот на китење на подводната елка како една своедвидна атракција има големо значење за промоцијата на Охрид и претставува уште една причина да се посети Музејот на Вода“, рече Јован Секулоски, претседател на „Амфора“.

„Благодарност до моите сограгани за несебчната поддршка која ми ја даваат годиниве .Мојата желба е повеке слух од институциите за пациентите со ретки болести и усвојување нацрт документот за Национална страегија за ретки болести од страна на владата на РСМ со која ке се унапредат политиките за грижа на овој тип на пациенти“, изјави Лолеска Гордана, граѓански активист и член на здружението на грагани со ретки болести „Живот со предизвици“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лондон, Њујорк, Париз, Дубаи спектакуларно влегоа во 2026

Катерина Ѓуровски

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

(ВИДЕО) Спектакуларен огномет во Сиднеј: Австралија ја пречека 2026 година

Горан Наумовски

Нов Зеланд ја дочека Новата година со огномет

Самоа и Киритимати први ја дочекаа 2026 година

Горан Наумовски

Новата година патува низ светот: 2026 први ја пречекуваат Кирибати, последни Американска Самоа, Бејкер и Хауленд