ВИДЕО: Училиштето „Димитар Влахов“ со нови простории

Од:

Во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ денеска беа пуштени во употреба нови простории со што е надминат досегашниот проблем и се обезбедени соодветни услови за следење на наставата.

Адаптацијата и пренамената на дел од училишниот простор се извршени со средства од општинскиот буџет. Новите простории ги посети и градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.

– Ова за нас претставува убав настан затоа што е реткост во Република Македонија да се обезбедуваат дополнителни простории за учениците затоа што нема место. Во време на големи миграции надвор од земјата, во време на недостаток на финансиски средства  во секое училиште во државата, за греење и за превоз на ученици, кој секоја година станува се поголем, на задоволство на одлуките на Советот и решенијата кои што ги донесовме во општината, денеска имаме преадаптирање на поранешната спортска сала во две нови училиници, кабинет по лозарство и нови наставнички канцеларии со придружни објекти.

novi_prostorii4DM (4)

– Ова значи дека сите ученици кои се запишуваат во ова училиште ќе бидат опфатени, досега имаше проблем за нивниот распоред, но сега тој е надминат и се отвораат одлични перспективи за сите ученици кои и во иднина ќе се запишуваат во ова училиште. Ова училиште е еден од позитивните одблесоци во општеството, најверојатно заради насоките, покрај земјоделските, тука се и медицинските  и прехранбените насоки и младите во нив гледаат поизвесна иднина за вработување, а наша должност секако е да обезбедиме достоиствен простор за упис на сите ученици кои се заинтересирани за овие насоки, рече градоначалникот Заев.

Директорот на училиштето Димитар Ѓорѓев, им се заблагодари на градоначалникот Зоран Заев и на Советот на општината за финансиската поддршка со која е извршена пренамената на дел од училишниот простор.

novi_prostorii4DM (1)

– Нашето училиште  имаше проблем со простории, иако пред неколку години изградивме три нови и до некаде го ублаживме тој проблем, но денес со оваа нова канцеларија, училници и повеќе мали кабинети ние успеавме нашето училиште да функционира така како што треба и тоа благодарение на градоначалникот Зоран Заев и општината, рече Ѓорѓев.

Инаку во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ наставата ја следат 1.196 ученици.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица