(ВИДЕО) Уапсени се тројца нашинци кои војувале за ИСИС во Сирија

Од:

Во акција на МВР, Агенцијата за национална безбедност и Република Франција уапсени се три лица македонски државјани, кои во текот на 2014 година на територија на Сирија се приклучиле во вооружените формации на терористичката организација Исламска држава – ИСИС и како борци активно учествувале во воените дејствија.

„Во изминатиот период, лицата О.С (28), Р.С.(33) и М.Г (26), беа предмет на интерес на безбедносните служби и во меѓународна соработка на МВР и АНБ со други партнерски безбедносни служби, активностите резултираа со истовремена синхронизирана полициска акција спроведена на територија на Република Северна Македонија и Франција, при што се лишени од слобода две лица во нашата држава и едно лице во Франција, а сите се државјани на Република Северна Македонија. Постапувајќи по наредби за претреси во дом и други простории издадени од судија за претходна постапка, денеска, во утринските часови, од страна на МВР беа извршени претреси на две локации во Скопје кај О.С и Р.С, каде се пронајдени и одземени огнено оружје, муниција, мобилни телефони и други електронски уреди кои можат да содржат дополнителни докази за извршеното кривично дело – велат од МВР.

Полицијата до Обвинителството денеска поднесе кривична пријава против наведените лица за сторено кривично дело „служба во непријателска војска“.

Би можело да ве интересира

Албанци од Косово и од Македонија се под истрага за финансирање на терористи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Напад врз суд во Иран, има мртви и повредени, одговорноста ја презеде екстремистичка група

(ВИДЕО) Американската војска уби висок лидер на ИСИС во Сирија

(ВИДЕО) Спречен терористички напад во Русија, убиени се четворица терористи

Терористички напад во Израел: Еден напаѓач пукал, друг бодел со нож

Горан Наумовски

Планирале терористички напади, регрутирале за ИСИС – уапсени четворица