(ВИДЕО) Уапсени кумановци и кратовци, криумчари на мигранти: Биле дел од меѓународна група, им земале од 2000 до 4000 евра

Од:

17 членови на организирана група која криумчарале миграните се уапсени денеска информира Министерството за внатрешни работи. Приведените се од Куманово и од Кратово.

Истрагата за оваа група траела од јули 2021 догина до мај годинава. Приведените организирале криумчареже мигранти од Грција кон Унгарија и од Бугарија кон Србија. Крајната дестинација биле земји од Европската унија.

– Оваа меѓународна криминална група, била предводена од М.И., С.М., Ж.К., Д.Д. и С.П., при што најпрво обезбедувале возила од рент-а-кар агенции од Скопје, Куманово и Тетово и Бугарија, а потоа ангажирале лица „возачи“ и „чистачи“ за прифаќање и превезување на мигрантите. Од страна на организаторите, преку лични средби на претходно договорени локации во Србија и Унгарија, како и преку мобилни апликации на лицата „возачи“ и „чистачи“, како и на лица организатори од Србија и Унгарија, им е испраќана точната локација за прифаќање на илегалните мигранти. Од овие локации, мигрантите биле преземани од С.И., М.Д., К.Ж., А.Т., С.С., Ш.Г., Н.М., Н.М. и М.М кои биле ангажирани во улога на „возачи“ и „чистачи“. Истите лица повремено ангажирале и други лица како возачи, за прифаќање на мигрантите, информра МВР.

Во зависност од бројот на криумчарените мигранти, како и локациите и возилата со кои се преземани и превезувани мигрантите од страна на криминалната група од РСМ преку териториите на Србија, Унгарија и Бугарија, цената на транспорт по лице која ја исплаќале мигрантите се движела од 2000 до 4000 евра.

Во текот на истрагата утврдено е лице – организатор по потекло од Ирак, со германски травел документи, член на меѓународната криминална група на криумчарење на мигранти, кој по претходна комуникација со организаторите од РСМ договарал прифаќање и превезување на илегални мигранти на територијата на Бугарија и Унгарија, за што преку брз трансфер на пари, преку лица посредници од Турција вршел трансфер на пари кон организаторите од РСМ.

При реализацијата на оваа криминалистичка истрага беа вклучени соодветен број полициски сили од ОСОСК, ОСПО, ОКТИВ и СВР Скопје – ЕУМНА, при што претреси беа извршени во вкупно 11 објекти, лоцирани на подрачје на Куманово, Кратово и Струмица, а лишени од слобода се 10 лица, а три лица-членови на криминалната група веќе издржуваат мерка затвор во КПУ Штип, КПУ Идризово и Р.Унгарија за претходно сторени кривични дела „криумчарење мигранти“.

За сите 17 лица, МВР до Обвинителството поднесе кривични пријави за кримучарење миграни, трговија со деца, организирање група за трговија со луѓе и за слични дела.

Би можело да ве интересира

Се расправале за поправка на автомобил, механичарот пукал во муштеријата

Катерина Ѓуровски

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

Турчин пронајден мртов во хотел во Охрид

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски