ВИДЕО: Тужениот вицепремиер Ставрески никако да се појави во суд

Од:

Министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески повторно не се појави на судското рочиште по тужбата за клевета од здружението Граѓани за европска Македонија-ГЕМ.

Ставрески веќе цели две години се немаше појавено во кривичниот суд каде се водеше постапката со образложение од таму дека не можат да го најдат и да го поканат зашто имало повеќе лица со име Зоран Ставрески. Сега не се појави на главната расправа во основниот суд Скопје 2, каде по декриминализација на клеветата, предметот се префрли во граѓанска постапка.

-Не се појавуваше 5 до 6 пати на рочиштата. Односот е овде како ние да сме тужени, тие се заштитени мечки, сега е нов процес откако се декриминализира законот за клевета. Важна е оваа тужба во принципиелна смисла, моќник на функција нема право на тој начин да ги клевети и омаловажува.

-Ставрески нема докази, нивната одбрана се базира на правото на политичко мислиење, ама тоа нема врска со политика, тоа беа етикетирања. Бевме обвинети за рушење на уставен поредок, рушење на легално избрана власт, така што тоа е тероризам, тоа се најтешки можни обвинувања. Тој тоа не може да го брани, може со онаа стисната свест, со афект, јас тоа би го разбрал зошто мене тој човек ми личи дека е склон на изјави во афект, така што тоа би го разбрал, но не знам сето тоа судот како ќе го прими. Но, неговата одговорност како втор човек во државата е огромна и нему дури афектите, според мене, не му се дозволени. Можам човечки да го разберам, но како актив во општественото поле тоа ми е сосема несфатливо – рече Никола Гелевски од ГЕМ.

Бранителот на Ставрески во судницата кажа дека вицепремиерот е оправдано отсутен, и дека новинарите тоа требало да го знаат.

– Вие подобро треба да знаете каде е, на службено патување надвор од државата, заедно со премиерот – рече адвокатот Никола Додевски.

Судскиот спор против Ставрески трае повеќе од две години, ГЕМ го тужи за клевета, затоа што тој на прес конференција изјави дека ГЕМ е дел од стратегијата „Надеж“, создадена за насилно уривање на демократски избраните институции.

Ставрески тоа го кажа во октомври 2010 година, а неговата изјава беше поставена и на веб страната на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он