ВИДЕО: Туристви во костими за капење се качуваат на црквата „Св.Никола“ во Мавровското езеро, предизвикаат жестоки реакции

Од:

Големи реакции во јавноста предизвикаа фотографиите и видеата од потопената црква „Св. Никола“ во Маврово, на кои се гледа група туристи како се качуваат директно на објектот, облечени во костими за капење.

Верскиот и културен споменик, кој поголем дел од годината се наоѓа под водите на Мавровското Езеро, според реакциите на граѓаните бил третиран како реквизит за забава.

Преку социјалните мрежи, локалното население и граѓани упатија јавен апел до Општина Маврово и Ростуше, Националниот парк, МВР и Комуналната инспекција за итна контрола на теренот и преземање соодветни мерки.

„Сите туристи се добредојдени, но мора да се почитуваат правилата на однесување и верските чувства“, порачуваат граѓаните.

Особено загрижувачко, според нив, е што со качувањето врз градбата постои ризик од дополнително оштетување на веќе нарушениот црковен објект.

Се бара надлежните институции да излезат на терен, да утврдат дали е предизвикана материјална штета и, доколку има основа, да ги санкционираат одговорните.

Граѓаните бараат и поставување јасни предупредувачки табли и правила за однесување, како и почести контроли и патроли во областа, со цел да се заштити еден од препознатливите културно-историски симболи на Маврово.

Би можело да ве интересира

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Турците, Германците, Србите и Французите најбројни странски туристи во земјава

Лавров: ОН треба да реагира на прогонот на Украинската православна црква

Во НП Маврово поставени 60 камери за видеонадзор

(ВИДЕО) Туристи се заробени во Мексико: „Ова е без преседан, можеме само да се молиме“

(ВИДЕО) Експлозија уништи црква во Њујорк, има многу повредени