ВИДЕО: Туристи во Охрид без маски, со преполно комбе одат на плажа

Од:

Охридски превозник и покрај владината уредба за користење на половина од капацитетите на возилата, овој продолжен викенд вози со полн капацитет.

На социјалните мрежи, се појави видео кое е снимено во комбе кое сообраќа кон плажите на охридското крајбрежје.

Луѓето во комбето кое е исполнето до последно седиште се забавуваат на патот кон плажата Славија и не носат заштитни маски.

Поради празниците Курбан Бајрам и Илинден, овој викенд е продолжен па затоа граѓаните во голем број се упатија до туристичките места.

Ова не е прв случај кога во Охрид не се почитуваат мерките против ширење на Ковид-19. Најавено е дека инспекторите од вечерва ќе започнат со казнување за хаосот на плажите.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум