(ВИДЕО) Тунтев: Дали сте информирани дека Груевски и Мијалков организирале шема за уништување и превземање на Макпетрол и Телма?!

Од:

Дали власта на ВМРО-ДПМНЕ преку молчење, игнорантски однос и целосна неактивност на надлежните државни институции, го попомага преземањето на Макпетрол од страна на сомнителна странска оф-шор компанија, со крајна цел да ја замолчи, преземе или уништи фирмата Макпетрол и телевизијата Телма во предизборниот период, праша пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев.

-Дали сте информирани дека поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на УБК, неговиот братучед Сашо Мијалков направиле и организирале шема за напад врз Макпетрол, со цел да се преземе и уништи фирмата, а со тоа и Телма Телевизија, при што се служат со незаконски методи за да се намали вредноста на акциите на фирмата, а со тоа ги информираат акционерите што се блиски до нив, да се ослободат од акциите на време, односно да ги продадат, го праша Тунтев премиерот Емил Димитриев.

Според премиерот Димитриев, Макпетрол е приватна фирма и тој не би сакал да навлегува во детали на начин како што го поставил пратеникот од СДСМ, Томислав Тунтев.

Тунтев додаде дека Макпетрол е важен како за вработувањата, така и за целата економија на Република Македонија, со што е сомнително зошто надлжените институции молчат цело време.

– Евидентно е дека слични работи се имаат случено и во околината, евидентно е дека се упропастени фирми поради политички цели и суети и заради тоа моето прашање е од аспект на загриженост како граѓанин на Република Македонија што ќе се случи со фирмата доколку државните институции наместо да го превенираат или да го спречат тоа што се подготвува, дали случајно го помагаат, праша Тунтев.

На прашањето дали знае дека постои некаква шема за продажбата на Макпетрол, премиерот Димитриев кажа дека ќе се воздржи од одговор, по што Тунтев го потсети дека тој е пермиер на Република Македонија и од него се очекува да ги знае сите информации за да може да располага со нив при носење на релевантните одлуки.

– Јас сум убеден дека она што вие го сметате за шпекулација или невистини, сигурен сум дека еден ден јавноста ќе го види од полседица или резултат на релевантни судски процеси, односно од органите на прогон, меѓутоа како и да е, јас тогаш ќе ве потсетам дека се работи за нешто многу поконкретно од шпекулација, рече Тунтев.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство