(ВИДЕО) Туфегџиќ: Средношколците да ги пријават сите притисоци, инспекторатот да ги казни директорите кои се заканувале

Од:

Во однос на денешните наоди за притисоци и пријави за притисоци видовме и видео записи од средношколците за да не излезат на протест против загадувањето и да не ја бојкотираат наставата. Информираме дека остро го осудуваме тој чин и дополнително известувам дека претставниците на движењето „Friday for future“ беа дел од меѓународниот ден на демократијата и прашањата којшто тие ги адресираа како дел од глобалното движење се прашања кои ги надминуваат партиите, како и изборите и изборните кампањи, рече Ивана Туфегџиќ, пратеничка од СДСМ и коалицијата, на денешната прес-конференција.

„Од тука ги повикувам средношколците да ги пријават сите притисоци кои биле извршени врз нив без да се плашат од било какви последици. Го повикуваме и Државниот просветен инспекторат веднаш да постапи, да излезе на терен и да изрече казни за тие директори кои вршеле притисок врз средношколци.

Времињата на етикетирања и притисоци врз млади луѓе кои сакаат да протестираат за прашања кои не засегаат сите нас се завршени, а политичките актери и директори кои мислат спротивно припаѓаат на минатото.

Ги повикувам сите средношколци да поднесат претставки, како што го повикувам и Државниот просветен инспекторат да постапи јавно, транспарентно по однос на претставките да информира за постапките и казните кои биле изречени врз директорите.

До мене стигнаа наводи за притисоци и пријави за притисоци од средношколци меѓутоа за иницијативи за поднесување на претставки ќе бидам во тек во однос на тоа прашање и ќе поднесам лично претставка доколку е потребно во име на средношколците.“, наведе Туфегџиќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски