(ВИДЕО) Трипуновски: Над 4300 хектари земјоделски површини во Овче Поле се два месеци без наводнување

Од:

„Додека Љупчо Николовски менува функции, а Зоран Заев шета по црвени теписи, над 4300 хектари земјоделски површини во Овче Поле се два месеци без наводнување.

Иако сезона за наводнување вообичаено започнува околу 15-ти април, речиси на целото подрачје на територија на Подружница Овче Поле која го опфаќа регионот од Балван до Каратманово, не може да се испорача вода за наводнување.

Наводнувањето на земјоделските посеви во Овче Поле е неопходно. Доколку нема наводнување земјоделските приноси значително ќе се намалат, а земјоделското производство ќе стане речиси неисплатливо“, рече Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Љупчо Николовски и Зоран Заев мора да одговорат зошто земјоделците во светиниколско два месеци немаат вода за наводнување. Кој ќе ја покрие штетата од намалените приноси а земјоделците ќе претрпат огромни загуби?

Министерството за земјоделство и Зоран Заев директно удираат по џебот на земјоделецот и го прават земјоделското производство не рентабилно.

Власта во изминативе две години покажа целосна негрижа, некадарност и отсуство на одговорност кон македонските земјоделците. Потребна е голема метла која ќе го измете Зоран Заев и неговата влада“, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ