(ВИДЕО) Тримчевска: Ги поддржуваме матурантите во нивните барања и сметаме дека тие се разумни и реални

Од:

„Средношколската унија во Македонија најави и ја бојкотира наставата со барање за олеснување за матурантите за полагање на матурата.

Бараат матурата да се состои од проектна задача и полагање на 2 предмети наместо четири и тоа: еден задолжителен – мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и уште еден, кој што ќе биде соодветен за понатамошен упис на факултет, за оние кои што планираат да го продолжат своето образование.

Учебната година почна со еден месец задоцнување, и часот трае 30 до 35 минути, што значи скратување на наставните денови од 180 на најмалку 159 и од 166 на најмалку 145 за матурантите. Средните стручни училишта останаа со минимална или никаква пракса“, рече Милка Тримчевска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во наставниот процес се појавува како кусок на содржини, така и настава без повторување, а да не зборуваме за она што веќе многу пати е кажано, техничките потешкотии и пропустите во онлајн наставата.

На учениците вклучувајќи ги и матурантите министерката Мила Царовска им вети скратени програми. На веб-страницата на Државниот испитен центар се објавени испитните програми за матурантите 2020/2021 година.

За волја на вистината од испитната програма се исклучени неколку содржини од предметот македонски јазик и литература и толку. За сите други предмети скратени програми – нема.

Наместо тоа има изјава дека комисијата која ги креира прашањата треба да се насочи да креира прашања од пониско ниво.

Прашуваме, кој ќе ја насочи Комисијата, што значи тоа прашања од пониско ниво?

Ја прашуваме министерката Мила Царовска дали тоа е нејзината цел, матурантите во Македонија да се сведат на базични знаења?

Зарем по секоја цена треба да се спроведе матурата со минимални знаења, наместо со успешно совладување на материјалот?

Нели министерката декларира потреба од реформи за стекнување знаења, вештини и компетенции на европско ниво?

Толку од искрената желба. Таа всушност одобрува полагање на матура со ниско ниво на прашања, односно ниско ниво на знаења.

Ја информираме министерката дека Обединетото Кралство, Шкотска, Ирска, Франција, Белгија, Квебек ги укинаа испитите оваа година, токму поради состојбата во образованието во услови на КОВИД-19 пандемија. Само за министерката Мила Царовска сѐ е во ред и наставата во Македонија, без пречки се изведува кај 90% од учениците.

Ја информираме министерката и дека податоците за бојкот на матурантите не и се точни. Настава бојкотираат многу повеќе ученици отколку што таа преку министерството шпекулира.

Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува матурантите во нивните барања и смета дека тие се разумни и реални.

Министерката Мила Царовска наместо да им го спречува физички влезот во министерството, ако навистина сака успешна матура, мора да им излезе во пресрет на барањата и да ги разбере.

Образованието е носечки столб на државата. Матурантите се идните носители во сите дејности во државата. Ним не им треба ниско ниво на знаење. На нашето образование му треба посветеност и напорна работа, не политички манипулации“, изјави Милка Тримчевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее