(ВИДЕО) Три години „Афис“ заглавен во обвинителство, Ременски обвинува: Ќе одговараат министри и вицепремиери

Од:

И по три ипол години оддолжување на постапката за случајот „Афис“, министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски која во 2013 година како продекан и професор на факултетот за безбедност ја поднесе пријавата до Обвинителството за организиран криминал, во својство на подносител, повторно се појави на разговор со обвинителката.

Покрај фактот што поминаа повеќе од три години, случајот „Афис“, во кој се товари Министерството за образование и наука дека противправно обезбедило лаборатории вредни 4 милиони евра, кои наместо за образовни цели, завршиле во Министерството за внатрешни работи, тој се уште не добива судска развршница.

Ременски за А1он вели дека се работи за притисок врз обвинителката. Според неа, и покрај црвстите докази кои го има доставено до обвинителството, случајот не се поместува од мртва точка. Таа обвинува дека се вршат опструкции поради фактот што цело време се менуваат истражителите од МВР кои го водат случајот, како и фактот што информациите кои ги даваат институциите се менуваат во текот на годините.

– Последната информација зборува за техничка грешка во доделен договор за јавна набавка вреден 2,4 милиони евра, тој требало да биде 730 илјади евра, иако сите документи и договори се потпишани на вредност од над 151 милион денари, што отвара прашање зошто сите договори се на таа сума, а сега одеднаш станува збор за техничка грешка која што тешко може да се докаже или да се прифати како вистина, рече Ременски.

Таа кажа дека во пријавата е опфатена лабораторија за компјутерска и дигитална форензника, софистицирана опрема преку која може да се пресретнуваат електронски комуникации и да се преземаат податоци од компјутери на физички и правни лица.

– Во Министерството за внатрешни работи се употребува за вештачења на предмети од кривични дела, што значи дека доаѓаме до еден апсурд, самата опрема што е дел од кривичо дело вештачи предмети од кривични дела. Добив уверување дека сите активности кои се преземаат од страна на обвинителството и дополнетото доставување на информации од мене како пријавител тогаш во вршење на должност продекан и професор на факултетот за безбедност, ќе заврши со обвинение во кое што би имало најмалку 20 обвинтети лица, со што се вклучени и актуелни министри и актуелни вицепремиери во владата заради фактот што во минатото извршувале и други функции во владата, исткна Ременски.

Медиумите претходно објавуваа дека во овој случај се опфатени вицепремиерот Владимир Пешевски и поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески.

Пешевски потпишал одлука на владата, преку која опремата се пренесува на Факултетот за безбденост на трајно користење без надомест, а во која се наложува МОН и деканот на факултетот за безбедност да склучат договор за правата и обврските околу поремата. Сепак, владата два месеца по одлуката носи нова одлука, овојпат потпишана од Ставрески, со која опремата која никогаш не стигнала до факултетот за безбедност се одзема и се дава на трајно користење на Министерството за внатрешни работи.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ДКСК: Продолжуваме да постапуваме по сите предмети со еднаков пристап без разлика кој е подносител

А1он

Ременски: Сметам дека постапката против мене треба да биде запрена

Кристијан Ландов

Ременски третпат во Обвинителство, овојпат на распит кај Русковска

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Ременски по увидот кај Русковска: Видов сѐ освен докази

Кристијан Ландов

Пратеничката Ременски по викендот, повторно кај Русковска

Кристијан Ландов

Претседателката на Апелација: Полицаец отворил да излезе Ременски од друга врата без моја дозвола

Кристијан Ландов