Пратеничката Ременски по викендот, повторно кај Русковска

Од:

Пратеничката Фросина Ременски денеска продолжи со увид во доказниот материјал кој Вилма Русковска го има против неа во случајот поврзан со работата на Меѓународниот сојуз каде таа една од петте осомничени. Таа пристигна во Обвинителството за организиран криминал и корупција со адвокат, каде денска исказ ќе дава осомничената Јасна Мандиќ.

Ременски во петокот помина пет часа кај Русковска, а на излегување се обиде да им избега на новинарите. Таа пред камерата на „А1он“ рече дека не завршила со увидот, а запрашања дали има обемни докази против неа, рече „Јас до сега не сум видела докази“. Исказ пред Русковска, пратеничката треба да даде утре.

Ременски во петокот рече дека медиумите прават фама од случајот со Меѓународниот сојуз и ги посоветува да се интересираат за други предмети. Таа не сакаше да каже дали е злоупотребена од страна на Бојан Јовановски, коментирајќи  „На тоа ќе одговорам кога ќе треба“. Запрашана од кој влез излегла бидејќи сите се затворени, таа рече: „Јас не знам дали вие сте вратари или новинари во Јавното обвинителство. Ако сте вратари, тогаш клучевите се кај вас и ќе знаете од каде излегов и каде бев“.

Таа е осомничена дека помагала во извршувањето на кривичните дела измама и перење пари за кои се осомничени пет физички лица, и тоа, заменик-претседателката на Меѓународниот Сојуз – Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистентката на Јовановски – Кристина Блажевска како и самиот Бојан Јовановски.

Ременски остана и без пасош, а има и забрана да го напушти Скопје како мерка на претпазливост. Обвинителството одзеде два телефони, но и компјутери и други предмети при претрес во нејзиниот дом.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов