(ВИДЕО) Тренчевска: Неуставно 12.000 пензионери се исклучени од усогласувањата и зголемувањата на пензиите

Од:

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, пратеничката од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, по предупредувањето за буџетската дупка од над една милијарда евра во Фондот за ПИОМ и целосната исцрпеност на буџетската ставка за трансфери, укажа дека со мерката на владата за зголемување на пензиите, 12.000 пензионери се исклучени од усогласувањата и зголемувањата на пензиите согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Во своето обраќање, Тренчевска побара одговор од заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, дали ќе се почитува одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација и кога ќе бидат доставени до Собранието измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Во продолжение е интегралното обраќање на пратеничката Тренчевска:

„Моето второ прашање се однесува на 12.000 пензионери кои ги исклучивте од усогласувањата и зголемувањата на пензиите согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Се прашувам како дозволивте и вие како заменик министер и министерот да доставите во Собрание закон кој е неуставен? Дали намерно за да заштедите средства во буџетот го направивте тоа, не мислејќи на сите оние социјални договори со други држави кои Македонија ги има потпишано и ратификувано и кои мора да се почитуваат?

Или пак под притисок го доставивте ова неуставно законско решение, да помине покачувањето од 2.500 денари, да се заштедат средства, оти знаевте дека пари нема доволно во буџетот?

Во меѓувреме има Одлука на Комисијата за заштита од дискриминација, која потврдува дека е сторена дискриминација и ви даваат рок за да направите измени на Законот.

Но, веќе има и судски тужби кои ќе ја чинат државата многу. Ем пари ќе враќа, ем судски трошоци ќе се плаќа. Ќарот, зијан ќе ви се стори! Моето прашање е, дали ќе ја почитувате Одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација и кога ќе бидат доставени до Собранието измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување?“.

Би можело да ве интересира

МСП: Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел

ФОНД НА ПИОМ: Пензионерите и осигурениците можат да бидат спокојни пензии редовно се исплаќаат и ќе се исплаќаат и во иднина секој први во месецот

Мицкоски: Наскоро ќе се знае дали сум во право или грешам за одлуката на Уставен за укинувањето на линеарното покачување на пензиите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Создаваме чиста општина и ја менуваме еколошката слика на Куманово

Горан Наумовски

Мицкоски: Од 1 октомври покачување на пензиите, следното зголемување напролет

Предраг Петровиќ

Владата донесе одлука: Ќе има покачување на пензиите

Горан Наумовски