(ВИДЕО) Трајковски: Се сомневаме дека Жерновски дал милион денари за СЈО кривично да не гони

Од:

Обвинетите во случајот „Насилство во Центар“ се сомневаат дека и овој случај кој го води Специјалното јавно обвинителство е опфатен и поврзан со случајот „Рекет“ во кој се осомничени специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски Кичеец.

Александар Трајковски, еден од обвинетите за „Шамарите во Центар“ по денешното рочиште презентираше слика на која се ракуваат поранешниот градоначалник на Центар Андреј Жерновски и осомничениот Бојан Јовановски. Тој вели дека заедно со останатите обвинети во случајот „Насилство во Центар“ се сомневаат дека Жерновски со финансирање на проект на Меѓународниот сојуз од 1 милион денари успеал преку Јовановски и Јанева прекршочната да ја смени во кривична постапка со што ќе бидат прогонувани членови на ВМРО-ДПМНЕ.

– Како обвинети кај нас постои сомнение дека и овој случај е инфициран од предметот „Рекет“. Доколку проверите на Фејсбук ќе видите слика каде Жерновски е фотографиран со еден од осомничените и помошниците на Катица Јанева, Бојан Јовановски. Центар одвои средства за финансирање проекти на Јовановски.

Дали Жерновски како градоначалник има дадено еден милион денари за да се процесуира кривичната пријава против нас. На почетокот била поднесена прекршочна а потоа на негово барање отворена е кривична постапка, рече Трајковски.

Тој го повика јавното обвинителство „да се позанимава и да ја преиспита соработката на општина Центар со Меѓународниот сојуз чиј претседател е Бојан Јовановски“.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

И Врховен суд му ја потврди затворската казна на Груевски за „Насилство во Центар“

Ана Ололовска

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов