(ВИДЕО) Трајковска: Дали и кога планира градоначалникот Саша Богдановиќ да ги осветли маалските улици

Од:

Наместо да донесе светлина и живот за сите, градоначалникот Саша Богдановиќ не враќа на почетокот на 19-от век. Повеќе од една година без осветлување се јавните површини, паркинзи и улици, низ целата општина, изјави денеска Антоанета Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Речиси и да не постои маало на територијата на општината кое не е погодено од тотален мрак. Улиците 369, 364, 365, делот околу Музејот на современата уметност, просторот околу улицата Стив Наумов, ул. Алберт Ајнштајн, паркингот кај Зелен Пазар и многу други се само дел од мрачната слика.

Со ваквиот неодговорен однос на градоначалникот жителите на најбогатата општина секојдневно мора да живеат во страв за себе и за своите најблиски.

Како потврда е на ова е билтенот на МВР каде е забележан пораст на уличниот криминал и нарушување на јавниот ред и мир за неверојатни 65% во споредба со декември минатата година.

Јавно го прашуваме градоначалникот дали и кога планира да ги осветли маалските улици, паркинзи и слободни простори?
Ќе овозможи ли слободно и без страв жителите спокојно и безбедно да стигнат до своите домови.

Наместо да се фокусира на партиски вработувања на партиски кадри во општината и во ПОЦ, време е да се насочи на поважни работи во општината, а администрацијата наместо да пие и да се забавува во текот на работно време треба да се погрижи за реалните проблеми на граѓаните на општината“, изјави Трајковска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми