(ВИДЕО) Трајановски: Турбо кружен тек кај Хубо маркет и натпатник на влезот во економската зона Визбегово

Од:

Нови и модерни сообраќајни решенија во насока на подобрување на сообраќајот во Скопје е еден од главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ за наредните 4 години.

Едни од капиталните проекти за подобрување на сообраќајот во Скопје е изградбата на нова турбо кружна крстосница кај Хубо Маркет, како и изградбата на натпатник на крстосницата кон економската зона Визбегово.

Деталите за овој капитален проект денеска на прес-конференција ги соопшти кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски.

– На овие локации се создаваат големи сообраќајни метежи бидејќи тука е поврзувањето на општините Карпош и Ѓорче Петров со Бутел, Чаир и Шуто Оризари, како и сите возила кои одат кон економската зона Визбегово и има голема фреквентност на возила. Во мојата програма предвидувам надминување на сообраќајните метежи преку изградба на овие две модерни сообраќајни решенија. Првото решение ќе биде изградба на турбо кружен тек помеѓу булеварот 8 Септември и улицата Скупи, кај Хубо маркет.

Втората сообраќајница ќе биде изградба на натпатник на две нивоа на раскрсницата помеѓу кракот од булеварот 8 Септември, булеварот Никола Карев и Јадранската магистрала на семафорите на влезот на економската зона Визбегово. Со изградбата на овие сообраќајници, ќе се добијат две модерни сообраќајни решенија со кои трајно ќе се реши сообраќајниот метеж коишто се создава на овие локации. Со нивната изградба ќе се тргнат семаформите коишто постојат на овие две локации, ќе се надмине метежот кој постојано се создава на овие две локации, а воедно ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот – кажа Трајановски.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ