(ВИДЕО) Трајановски: Поддршка за мене и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ е поддршка за поубаво и подобро Скопје

Од:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски денеска одржа прес-конференција, на која говореше за досегашниот тек на изборната кампања.

– Изминативе 20 дена на скопјани им ја презентирав мојата изборна програма и визија за тоа во која насока треба да се движи развојот на Скопје. Сакам да го искажам своето задоволство од големата поддршка која ја добиваме од граѓаните, која ни ја искажуваат при нашите средби со нив. Сметам дека кака градоначалник реализирав голем број на проекти за подобро и поубаво Скопје и сметам дека проектите предвидени во мојата изборна програма ќе придонесат за подобрување на животот на моите сограѓани.

– На граѓаните на Скопје им ветувам работа, работа и само работа. И сметам дека врз основа на претходно направеното и врз основа на ветеното дека ќе го добијам и третиот мандат да го водам Градот Скопје. Во наредните 4 години верувам многу работа и многу проекти за подобро и поубаво Скопје. Нови паркови и зелени површини, нови сообраќајни решенија, модерен еколошки јавен транспорт, нова гимназија во Аеродром, инвестиции за младите, спортот, образованието и културата.

– Покрај за мене како градоначалник, ја барам поддршката и за советничката листа за Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, бидејќи за добро функционирање на Градот Скопје и ветените проекти да се реализираат непречено, потребно е силно мнозинство во Советот на Град Скопје. Од таа причини апелирам до скопјани да го дадат нивниот глас за Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од Христијан Мицкоски, заокружувајќи го редниот број 13 – кажа Трајановски.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ