(ВИДЕО) Трајановски: Нов лик и поголем капацитет за Универзалната сала

Од:

Универзалната сала претставува еден од најпознатите сали за организација на културни и музички настани во Скопје.

Универзалната сала во Скопје е изградена во 1966 година и истата ја посетиле околу седум милиони посетители.
Еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ во наредните 4 години е реконструкција и надградба на овој исклучително важен објект за Скопје.

Деталите за овој проект денеска на прес-конференција ги соопшти кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски.

– Со нашиот проект е предвидена реконструкција, доградба и надградба на Конгресен центар „Александар Македонски“ во Скопје, која ќе се состои од реконструкција на стариот објект на Универзалната сала, целосно опремување на внатрешниот дел, како и доизградба на нови простории, целосно интериерно уредување и поставување на целосно нова сценска технологија. Новиот објект на конгресниот центар „Александар Македонски“ ќе се добие целосна реконструкција на постојната Универзална сала со капацитет од 1500 седишта, изградба на поголем број нови повеќенаменски сали со капацитет од 200 и 120 седишта, повеќе нови мултимедијални сали за конференции со капацитет од 30 до 40 седишта и повеќе нови простории за билатерални средби. Ќе се изврши и доизградба на простории за администрацијата, како и паркинг простор на две нивоа. Финансирањето на објектот е во надлежност на Владата на Република Македонија, која за жал годинава ги укина средствата предвидени за оваа намена. Доколку ова не се промени, Градот Скопје ќе изнајде начин сам да ја финансира изградбата на новиот објект – кажа Трајановски.

Кандидатот за градоначалник Трајановски потенцираше дека проектирањето е завршено и дека изградбата на новиот објект на Конгресниот центар ќе чини над 15 милиони евра. Објектот ќе ќе биде двојно поголем од постоечката Универзална сала и ќе биде на површина од 8.000 метри квадратни, како и дополнителни 5.000 метри квадрати паркинг простор на 2 нивоа.

Со изградбата на реконструкцијата и доизградбата на објектот на Конгресниот центар „Александар Македонски“ Скопје ќе добие презентабилен и корисен мултифункционален центар за организација на музички и културни манифестации и настани.

Би можело да ве интересира

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

Илиевски: Во Брвеница во четиригодишниот мандат ставивме акцент на младите, реконструиравме училишта, градевме спортски сали, игралишта

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ