(ВИДЕО) Трајановски најави проширување на булеварот „Александар Македонски“

Од:

Во насока на подобрување на сообраќајот во Скопје, во новата изборна програма 2017-2021 предвидени се поголем број на проекти за делумни реконструкции, проширување и приклучувања на булеварот „Александар Македонски“, изјавија од изборниот штаб на Коце Трајановски.

Деталите за овој проект денеска на прес-конференција ги соопштија кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ за Градот Скопје и општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски, како и носителот на листата за членови во советот во Град Скопје, Христијан Мицкоски.

– Булеварот „Александар Македонски“ е најважната сообраќајница во Гази Баба каде доаѓаат огромен број на возила од населбите од Гази Баба што гравитираат спрема центарот, како исто така од општината Арачиново, Илинден, Петровец како и од градовите од средниот и источниот дел на Република Македонија, од Велес, од Куманово, од Штип и од другите градови. Во мојата програмата, предвидени се поголем број на проекти поврзани со овој булевар, а како најважен е проширување на булеварот „Александар Македонски“ со изградба на дополнителна сообраќајна лента, на потег од „Агросервис“ до СУГС „Боро Петрушевски“. Станува збор за потег во должина од околу 1 километар, каде покрај дополнителната сообраќаја лента, ќе се изградат и нови пешачки и велосипедски патеки. Со ова, сметаме дека значително ќе се подобри сообраќајот на овој булевар и влез во Скопје, ќе се намалат метежите а ќе се зголеми и безбедноста на сите учесници во сообраќајот – кажа Трајановски.

Кандидатот за градоначалник Трајановски потенцираше дека покрај овој проект поврзан со булеварот „Александар Македонски“, во изборната програма предвидени се и делумна реконструкција на коловозот, на потег од крстосница со улицата „16 Македонска бригада“ до крстосницата со улицата „Благоја Стефковски“, на потег во должина од околу 1.500 метри, како и изработка на техничка документација за изведба на сообраќајно решенија со кое ќе се овозможи сообраќаен пристап за жителите на населбите Инџиково и Хиподром кон булеварот „Александар Македонски“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ