ВИДЕО: Трајановски најави проект коj ќе го реши сообраќајниот метеж на „Пластичарска улица“

Од:

Во насока на подобрување на сообраќајот во Скопје, во новата изборна програма 2017-2021 е предвидена реконструкција и проширување на улицата „Никола Карев“.

Деталите за овој проект денеска на прес-конференција ги соопштија кандидатите за градоначалници на Град Скопје и Општина Чаир на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски и Нермин Теловска.

Улицата „Никола Карев“, или популарно наречената „Пластичарска улица“ е тесно сообраќајно грло во Скопје каде се создаваат голем сообраќаен метеж. Со овој проект е предвидено реконструкција и проширување на постојаниот коловоз во должина од 1200 метри, поточно на потег од клучката кај Бит пазар па се до крстосницата кај амбасадата на САД во Република Македонија. Со реализацијата на овој проект ќе се добие ново сообраќајно решение со 4 коловозни ленти, нови пешачки и велосипедски патеки, а ќе се реконструира и атмосферската и фекалната канализација, кажа Трајановски.

Кандидатот за градоначалник Трајановски потенцираше дека ова е само дел од големиот број на нови капитални инфраструктурни проекти коишто се предвидени во изборната програма да се реализираат на територијата на општината Чаир, а како најважни ги издвои реконструкциите на улиците Македонско-косовска бригада, Ферид Мурати, Лазо Трповски, довршување на реконструкцијата на улицата Втора Македонска бригада и многу други.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски