(ВИДЕО) Трајановски: Мора да се направи истрага во УБК и во телкомуникациските компании

Од:

Кризата во државата не е само политичка, туку и криминална криза и бидејќи со прислушувањето на голем број луѓе е направено масовно прекршување на човековите права, клучно е да се направи истрага во УБК, рече Жарко Трајановски, ескперт за човекови права на дененешната дебата „Каков специјален јавен обвинител и е потребен на Република Македонија?“ во организација на Фондација Отворено општество – Македонија.

– Во врска со масовното прекршување на човековите права, ние не можеме да очекуваме никаков излез од кризата, ниту може да очекуваме создавање на основни услови и претпоставки за фер избори. Затоа што ако не им се пресече тој директен линк што го имале со телеоператорите, тогаш за какви услови за фер избори може да стане збор. Ако обвинителството нема надлежност да влезе во МВР и да истражи кој ги злоупотребувал службената положба, кој издавал налози за кршење на избирачките права, тогаш е можно да се случи истото на наредните избори. Значи, ние за да превенираме такво масовно кршење на човековите права од страна на УБК, во врска со нелегалното прислушување од страна на МВР во вска со изборите, потребна ни е оваа институција на специјален јавен обвинител која ќе ги истражи сите индиции, што произлегуваат од содржината на снимките, меѓутоа ќе направи инспекција во УБК за да ги заплени овие докази за извршен криминал. Затоа што постои согласност дека ова е правено со опремата од УБК, рече Трајановски

Тој потсети дека една од препораките од извештајот на Прибе беше запленување на релевантните податоци од УБК и телекомуникациските компании да се споредат со издадените судски налози.

– Треба да се побара и меѓународна експртиза за наоѓање на избришаните фајлови, ние се соочуваме со една полициска држава која излегла од контрола со една орвеолска прикзна, едно масовно прислушување и ни треба орган со капацитет кој ќе влезе во УБК и да дојде до трагите на криминално дело. Зашто нешто ако знаеме, а што и премиерот го кажа дека е вршено прислушување со опрема на УБК. Некој треба да ги обезбеди тие криминални траги, за мене тоа е обвинителството. Тоа досега не го стори ниту Народниот правобранител, Дирекцијата за заштита на личните податоци, ниту другите надлежни институции. За да функционира овој систем потребно е синхронизирано дејствување, без тоа, без зајакнување на капацитетите на обвнителството со нов обвинител и сите што имаат надлежност, не можеме да очеуваме никаков излез од кризата, додаде Трајановски.

Тој направи генеза на настаните кои доведоа до потребата од специјален јавен обвинител, како еден од клучните фактори за разрешување на кризата во државата.

– Обидот да се пресретне објавувањето на снимените материјали од страна на опозицијата на 31 јануари, беше првиот индикатор дека на Македонија и е потребан специјален јавен обвинител, рече Трајановски

Тој потсети дека во јануари владата се однесуваше како да нема политичка криза, како бојкотот на опозицијата да не е релевантен, а на агендата беа уставни измени.

– На 31 јануари премиерот во улога на полициски портпарол, јавен обвинител, јавно го обвини лидерот на опозицијата за насилство и шпионажа врз премиерот. Тоа беше пресретнување на најавата на опозицијата која кажа дека поседува материјали од кои може да се утврди дека постоело масовно прслушување на голем број лица, а владини и други функционери биле во криминални актвности. Ова престретнување од страна на премиерот само ги забрза работите во насока на продлабочување на политичката криза. Тоа беше прв индикатор зошто ни е потребен специјален јавен обвинител. На 9 февруари опозицијата почна да ги објавува снимените материјали кои индицираа на бројни криминални активности и злоупотреба на службената должност,. Поминаа 9 месеци а ние немаме одоговри, како е можно толку долго да се снимаат материјали и со која опрема а за тоа да не знаат преимерот и директорот на УБК? Зошто обвинителсвтото не презема мерки во УБК да утврди дали опремата била користена за снимање на тие материјали и дали тие биле корисени за овластено или неовластени снимањерече Трајановски.

Според Трајановски, непостапувањето од страна на обвинителствто укажува на сериозна потреба од нов истражен орган кој ќе даде одговор на овие прашања од јавен интерес.

– Ако човек направи анализа ќе види дека нема член од кривичниот законик од изборите, а за кој немаше индиции дека не прекршен од страна на лица кои беа одредена функција вклучувајќи ја и министерската за ватрешни рабти. Видовме дека министерката најмногу ги кршела избирачките права, истата која требала да ги штити. Имаше индиции за злопутреба на документи, за попречување на правато на гласање, за манипулирање со изборни резултати, дека одредени лица од МВР биле ангажирани од партиски кадри за да вршат изборни нерегуларности, а министерката била ангажитрана за прикривање на криминалот, рече Трајановски.

Според Трајановски голем показател дека службите за безбедност целосно потфрлиле е насилството што се случи на 9 мај во Куманово е случај кој се уште не е расчистен, иако е од сериозен јавен интерес. Безбедносните служби кои имаат обврска да ја користат опремата за да спречуваат тероризам, испадна дека потфрлија најмногу, бидејќи се прислушувале политичари, новинари, а опремата не била користена за да е спречи насилството и тероризамот. Иако првично во договорот од 2 јуни, политичките партии се обврзаа на предвремени избори во април, немаше никаква најава за специјален јавен обвинител, по Изваштајот на Прибе, кој укажа на сите дефекти на системот. – едно од ургентните барања беше да се прекине линкот меѓу УБК и теле операторите, односно тие да ја даваат опремата за прислушување само со одлука на надежен суд. Извештајот укажа и дека УБК има влијание на истрагата, на секоја истрага и тогаш реално се поставува прашањето дали има инсттуиција која ќе има може да направи инспекција во УБК и да утврди колку прислушувања има а колку се судски налози издадени за такво нешто.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ

ОЈО: Маж од скопското село Грчец и се заканувал на новинарка

Горан Наумовски

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

Ја киднапирале за пари – готово обвинението за убиството на Панче и Вања за четворица, таткото обвинет за помагање

Анита Петровска Рајковиќ