(ВИДЕО) Тортевски: „Ликвидација“ е нездрава противзаконска конструкција

Од:

Процесот за случајот „Ликдвидација“ , во кој е обвинет и новинарот Томислав Кежаровски за откривање на идентитетот на заштитен сведок, уште на стартот со недоследости. Судот го отфрли барањето на одбраната да се прогласи ненадлежен за дел од обвинението за „незаконско посредување“ за кое се товарат дел од обвинетите. Образложението беше дека делото постои во кривичниот законик, само што било преименувано.

Адвокатот Александар Тортевски предупреди дека секогаш кога една постапка ќе започне со прекршување на процедурата, тоа се провлекува до самиот крај, а уште повеќе кога има случај на апсурдно обвинение.

-Се работи за нездрава противзаконска конструкција каде на едно место се ставаат и обвинители и луѓе кои наводно се обидувале да им наштетат на обвинети во предмети, и луѓе кои наводно се обидувале да им помогнат.

-Кривичното дело кое се става на терет на обвинетитете , не постои повеќе, судот тоа го констатира, а обвинителот и натаму ги обвинува за противзаконско посредување кое и натаму ен постои. Процедурата е прекршена, не ни се дадени докази на увид, не ни се дадени наредбите за посебни истражни мерки да видиме дали се спроведеди законски. Најголем дел од мерките се снимки без аудио запис, значи снимка од двајца луѓе без аудиот запис, да се слушне дали има противзаконски, тоа е апсурд. Не ни се доставени ни наредбите да видиме дали се спроведени на законски начин. Кај судот е и силата и секирата, нашите аргументи, и можности се многу лимитирани, ние може да поснесуваме, но судот е тој што одлучува на крајот. Ете видовте и судот констатира дека кривичното дело не постои, обвинителот си остана на истото дело, рече Тортевски.

На денешниот распит, првообвинетиот, судијата Илија Танев го отфрли обвинението против него, односно негираше дека зел поткуп. Тој рече дека е надвор од секаква логика да го товарат за одговорност за погрешна доставница, што е работа на дактилографките во судот, а не за погрешна одлука што донел. Тој кажа дека ниту сакал, ниту имал намера ниту пак дека помогнал на обвинетите за убиството.

Второобвинетиот, Сабедин Хофман негираше дека на судијата Илија Танев некогаш му понудил пари за да му заврши услуга. Третообвинетиот, судијата Валентин Зафиров во својата одбрана истакна дека загрозениот сведок Арсовски го добил тоа својството на заштитен сведок на негов предлог, и од тука прашуваше каква е логиката после тој да го открива неговиот идентитет.

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

„Живот во кутија“ – прва книга на новинарот Томислав Кежаровски

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ