(ВИДЕО) Томовски: СДСМ да запре со приватизацијата на хотелите на Попова Шапка на два месеци пред избори

Од:

„Власта го раскрчмува имотот на АД ЕЛЕМ. Управниот одбор на претпријатието на 17 декември 2019 година донел Одлука за објавување на оглас за продажба на хотелите на Попова Шапка, хотел Славија и хотел Попова Шапка.

Со одлука на раководството на АД ЕЛЕМ и СДСМ се распродава милионски имот сопственост на АД ЕЛЕМ, а со тоа и на граѓаните на Република Македонија“, рече Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ е во паника од неминовниот изборен пораз на 12 април и затоа пристапува кон приватизација на се што е вредно. На начин како што тоа го правеа во минатото.

Туристичкиот комплекс Попова Шапка е од огромно значење за Република Македонија и со него СДСМ не смее да се однесува со невнимание и желба за личен профит за себе и свои блиски луѓе.

Туристичкиот комплекс Попова Шапка има сериозен потенцијал за развој и со него треба да се управува со посебно внимание и стратегија.

Ја повикуваме власта, да не се осудува да го става на продажба имотот на државата на Попова Шапка на два месеци пред избори, без никаков план и стратегија.

Попова Шапка е туристички центар кој треба да се развива, а не да се уништува. Потенцираме дека било каква одлука во насока на продажба на хотелите Славија и Попова Шапка ќе подлежи на ревизија по 12 април. И за сите кои невнимателно се однесуваат со државниот имот ќе има санкции и одговорност“, изјави Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му