(ВИДЕО) Томовски: Дали ЕЛЕМ Турс останува без работа, за брат на висок функционер на СДСМ да земе 2 милиони евра бизнис?

Од:

„СДСМ и Васко Ковачески го носат АД ЕЛЕМ во пропаст. Ковачески е на пат да го затвори ЕЛЕМ Турс, фирма ќерка на АД ЕЛЕМ, која храни 200 семејства, со цел да овозможи 2 милионски бонбона бизнис на негови сопартијци.

Доделувањето на тендерот вреден милиони е пред крај. ЕЛЕМ Турс ќе остане без работа, а 200 семејства без егзистенција“, рече Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Желбата на власта да се овозможи профит на поединци ќе го остави ЕЛЕМ Турс без работа. Доколку Ковачески се грижеше за имотот на претпријатието и неговите вработени, немаше да распишува тендер, а оброкот за вработените во РЕК Битола и Осломеј ќе ја вршеше ЕЛЕМ Турс, впрочем како и до сега.

Очигледно е дека на Ковачески не му е грижа за 200 вработени во ЕЛЕМ Турс.

Го прашуваме Ковачески, дали ЕЛЕМ Турс останува без работа затоа што 2 милионскиот бизнис со храна во АД ЕЛЕМ треба да го земе фирма во сопственост на брат на висок функционер на СДСМ од Битола?

Дали бизнисот на блиските до Ковачески е поважен од опстанокот на 200 семејства?

ВМРО-ДПМНЕ го следи процесот на раскрчмување на АД ЕЛЕМ и за тоа ќе има одговорност.

Оттука уште еднаш го повикуваме раководството на АД ЕЛЕМ да не го жртвува ЕЛЕМ Турс и да го поништи тендерот.

Никој не смее да се богати на грбот на работниците и граѓаните. Сите злоупотреби завршуваат на 12 април“, изјави Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава