(ВИДЕО) Тодоровски: Со голем број на проекти ќе ја направиме општина Брвеница поубаво, достојно и атрактивно место за живеење

Од:

„Изборите претставуваат празник на демократијата и можност граѓаните со својот глас да ја креираат својата иднина. Вие знаете дека овие избори се повеќе од локални и дека токму од Вашата одлука ќе зависи во каква Брвеница и во каква Македонија ќе живеете во иднина.

Како жител на Брвеница, можам да кажам дека детално ги познавам предностите, недостатоците и потребите, бидејќи секојдневно живеам со проблемите на жителите на Општина Брвеница. Денес можам да Ви ветам дека со Вашата поддршка и со мојата љубов и посветеност кон работата, Брвеница ќе продолжи да се развива.

Нашата програма содржи повеќе од 70 добро осмислени проекти кои од општина Брвеница ќе направат поубаво, достојно и атрактивно место за живеење. Иако сите се со голема важност, значителната промена во животот на граѓаните на општина Брвеница се темели на неколку суштински проекти во областа на здравството, образованието, социјалната заштита, инфраструктурата и комуналните работи, спортот, урбанизмот и животната средина. Приоритет ни е довршување на сите започнати проекти, како што се доградба на канализационите мрежи во Брвеница, Долно Седларце, Челопек и Милетино, но и доградба на клучката на автопатот Тетово-Гостивар, изградба на системи за регулирање на атмосферски води во Брвеница, Д. Седларце, Радиовце и Милетино како и асфалтирање и поплочување на неколку патишта низ општината и реконструкција на постоечки патишта. Помеѓу нашите најголеми приоритети се наоѓаат и проекти како изградба на детска градинка но и пензионерски центар, четири мултифункционални игралишта, отворање на средно стручно општинско училиште и реновирање и надградување на постоечките училишта и училишни простори во Брвеница, Долно Седларце, Стенче и Волковија.

Овие избори претставуваат влез во една нова ера, почеток на реализација на една наша визија за Брвеница. Предвидуваме модернизација на населените места, поддршка за развој на земјоделието, квалитетно образование и функционално здравство. Ова се нашите цели. Ова е нашата визија“, изјави Стојан Тодоровски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Брвеница.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ