(ВИДЕО) Тодоров: Повиците за насилство кулминираа кога требаше да се покрие срамот на Црвенковски

Од:

Министерот Никола Тодоров на денешната пресконференција изјави дека ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува вчерашните инциденти.

„Нема ниту една прифатлива и разбирлива причина за предизвикување на насилство, тепање на недолжни луѓе, уништување на јавен и државен имот.

За нас насилството нема ниту етничка, ниту политичка, ниту верска боја. Секое насилство мора да биде осудено и ние го осудуваме.

Институциите на системот имаат капацитет и легитимитет да ги заштитат недолжните граѓани од било каква форма на насилство и самоволие.

Би сакале да ги предупредиме сите политички партии дека подигрувањето со меѓуетничките теми и односи секогаш носи штета за Република Македонија. Граѓаните на нашата држава се мудри и знаат да проценат кои партии прават злоупотреби и ги доведуваат во прашање нивниот мир и спокој.

Според Министерот, за ВМРО-ДПМНЕ било јасно дека во континуитет, неколку коалициски партнери на СДСМ јавно подбуцнуваат и повикуваат на насилство и пресметки помеѓу луѓето кои припаѓаат на различни етнички заедници.

За нас е совршено јасно дека инцидентите, не случајно, започнаа во истиот ден кога лидерот на СДСМ, господинот Црвенковски беше доведен во ситуација да се откаже од сите свои уцени и условувања и да капитулира од своите барања.

За нас е совршено јасно дека истите инциденти започнаа неколку саати после моментот кога стана јасно дека нема никој во Македонија, ниту пак во меѓународната заедница што ги разбира или прифаќа уцените и политиките на СДСМ.

Уште повеќе, за нас е јасно дека во континуитет, неколку коалициони партнери на СДСМ јавно подбуцнуваат и повикуваат на насилство и пресметки помеѓу луѓето кои припаѓаат на различни етнички заедници. Таквите повици кулминираа токму во моментот кога требаше да се покрие срамот на Црвенковски и да се насочи вниманието на граѓаните на други теми, наспроти поразот и срамот кои ги претрпе,  заради своите лаги во минатите 3 месеци.

Би сакале да потсетиме дека во Република Македонија стана пракса, секогаш пред избори, пред извештај на Европската Комисија или пред самит на НАТО, да ни се случуваат вакви инциденти. На кого тоа внатре во Македонија и надвор од Македонија им е во полза, знаат сите.

ВМРО-ДПМНЕ повикува на смирување, на запирање на насилствата и на разум. Повикуваме партиите да се занимаваат со она што ги интересира граѓаните, со проекти, со дела, со конкретни мерки, а не со подбуцнување и предизвикување на насилства.

ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во нејзина моќ да се запрат ваквите насилства и сите кои предизвикале инциденти, без разлика од која страна, да ги сносат законските последици“, изјави Никола Тодоров.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито