(ВИДЕО) ТИ: ВМРО-ДПМНЕ плаќале во кеш за изборна кампања

Од:

ВМРО – ДПМНЕ ги прекршила законот за финансирање на изборните кампањи, а Транспаренси Интернешнл ќе поднесе кривични пријави поради сомнежи за изборни злоупотреби за кампањите за претседателските и предвремените парламентарни избори.

– Пријавите воглавно се однесуваат на незаконско плаќање на трошоци за изборните кампањи, како плаќање во кеш и користење средства на локалните самоуправи и јавните претпријатија за партиски цели, вели претседателката на Транспаренси Интершнл Слаѓана Тасева.

Според податоците до кои дојде Транспаренси Интернешнл покажуваат дека Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ во Прилеп платил во кеш трошоци на ЈКП „Комуналец“ за местење бина во Прилеп за митинг на владејачката партија во износ од 5,782 денари. Во извештајот се вели дека плаќањето реализирано на овој начин не е прикажано во ниту еден извештај доставен до Државниот завод за ревизија.

Според претседателката Слаѓана Тасева, со ова е прекршен член 71 од Изборниот законик според кој сите трошоци за кампањата мора да се исплаќаат од сметката на партијата која е специјално отворена за изборите.

Организацијата, користејки го правото за Слободен пристап до информации од јавен карактер, добила повратна информација од „Комуналец“ дека добиле јавување од ОК ВМРО – ДПМНЕ при што побарале услуга во врска со одржување на митингот. Услугата, како што стои во одговорот, била наплатена по ценовник кој е донесен од Управниот одбор на претпријатието.

kesUplatniciDpmne (1)

– Вработените во општините очигледно е дека не прават разлика меѓу партија и држава. Воедно, се врши и злоупотреба на пари од буџетите на општините, со што самите вработени се изложени на закана од кривични пријави и високи затворски казни – изјави Тасева.

kesUplatniciDpmne (3)

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226