ВИДЕО: Тешка сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје, километарски гужви од Стража до Гостивар

Од:

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот Тетово-Скопје, кај наплатната станица Желино, a едно лице е пренесено во болница.

Во несреќата учествувале мотоцикл „хонда“ со кумановски таблици и автомобил „фолцваген пасат“.

Со повреди во Клиничкиот центар-Скопје е пренесен возачот на мотоциклот.

Местото каде што се случи несреќата го обезбедува полицијата, која прави увид за да се утврдат причините.

Попладнево, на автопатот, но и на патот од Стража до Гостивар се створи километарски застој со возила кои се враќаат од туристичките центри како Охрид, Струга, Маврово.

Иако многумина ја прилагодуваа брзината на патот, сепак, имаше и такви кои не ги почитуваа прописите и на небезбеден начин ги претекнуваа возилата.

Би можело да ве интересира

Измамен тетовец, платил 21 илјада евра за роба која не ја добил

Катерина Ѓуровски

Му зел 800 евра, го излажал дека ќе му пренесе автомобил од странство

Затруен од наркотици, кавадарчанец пронајден во бессознание во двор

Возач загина на стариот пат Ѓавато-Тополчани

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он