(ВИДЕО) Тешка ноќ во Мариово: Пожарникарите го запреа огнот кај Крушевица

Од:

Пожарникарите во текот на ноќта водеа тешка битка со огнената стихија во близина на прилепското село Крушевица, во Мариово. Огнот се приближил до селото, но екипите успеале да го сопрат и да го повлечат под патот, со што опасноста за жителите е значително намалена.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека условите за интервенција биле исклучително тешки поради густиот чад, отежнатото дишење и ризикот со кој се соочувале пожарникарите. Во еден момент, еден од тимовите останал без вода и морал да се повлече за да обезбеди нови количества.

Ангелов ја истакна и важноста на возилата „пинцгауер“, како и на нивните возачи, кои одиграле значајна улога во пристапувањето до тешко достапниот терен.

Во последните 24 часа во земјава биле регистрирани 37 пожари на отворен простор. Од нив, три останале активни, еден бил ставен под контрола, а 33 биле целосно изгаснати, според Центарот за управување со кризи.

Активни пожари утрово има на три подрачја:

Студеничани: пожарот се движи од Моране кон Вртекица и Рамни Габер, каде гори мешана шума.

Македонски Брод: огнот кај месноста Видуш, во близина на Драгов Дол и Локвица, зафатил ниска вегетација, грмушки и нискостеблеста шума.

Прилеп: пожарот кај Чаниште продолжува да се движи во два правца – кон Зовиќ и кон Крушевица, при што гори ниска вегетација.

Пожарот кај депонијата во Делчево е ставен под контрола.

Би можело да ве интересира

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари