(ВИДЕО) Темелковски: Ќе ги вклучиме младите во сите процеси и ќе создадеме услови како во европските земји

Од:

Филип Темелковски кандидат за градоначалник на Општина Кисела Вода од коалицијата предводена од СДСМ изјави дека за успех мора да се создадат еднакви шанси за сите и сите да го дадат својот максимум.

– Секој од нас има свои квалитети и вредности, сакаме да создадеме услови за сите подеднакво да ги развиваат своите таленти и сите да бидат успешни и поуспешни од другите. Ниедна предмет ниту објект не е толку вреден колку инвестицијата во младите, рече Темелковски.

Тој најави вклучување на младите во сите процеси и слушање на нивните реални потреби и желби. Темелковски најави инвестирање и создавање услови како во еворпските земји.

– Во нашата програма предвидуваме конкретни мерки како што се: награди за најдобрите ученици и најдобрите наставници бидејќи за да изградиме способна младина за нив треба да се грижиме уште од најрана возраст. Предвидуваме реновирање на веќе постоечките училишни спортски сали и изградба со нови и формирање на спортски лиги во сите спортови како поеднечни така и екипни. Драмски секции во домовите за култура библиотеки во склоп на домовите во кисела вода и бесплатни кино проекции и театарски престави, најави Темелковски.

Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода потенцираше дека најголем предизвик за младите е вработувањето на пристојно работно место и станбеното обезбедување и најави едукативни центри во месните заедници во соработка со надлежните органи на централната власт и имплементирање на младинска гаранција преку која младите ќе имаат можност да се запознаат со тоа како да отворат сопствен бизнис.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината