„Што е најбитно и највредно, за едно општество? Од античко време Анистен рекол: онаа нација која не е способна да ги разликува способните од неспособните е осудена на пропаст. За успех мораме да создадеме еднакви шанси за сите и сите да го дадат својот максимум. Секој од нас има свои квалитети и вредности, сакаме да создадеме услови за сите подеднакво да ги развиваат своите таленти и сите да бидат успешни и поуспешни од другите. Ниедна предмет ниту објект не е толку вреден колку инвестицијата во младите.
И тоа е нашиот приоритет. Ќе ги вклучиме младите во сите процеси, да ги слушнеме нивните реални потреби и желби а не да им наметнуваме, да создеме услови и да овозможиме да ја искористат нивната енергија, идеи и вештини. Наша цел е да инвестираме и да создадеме услови еднакви како во сите земји на Европа. Да создадеме најдобри услови бо образованието, спортот, во културата, во уметноста, во науката и бизнисот.
Затоа во нашата програма предвидуваме конкретни мерки како што се: награди за најдобрите ученици и најдобрите наставници бидејќи за да изградиме способна младина за нив треба да се грижиме уште од најрана возраст. Предвидуваме реновирање на веќе постоечките училишни спортски сали и изградба со нови и формирање на спортски лиги во сите спортови како поеднечни така и екипни. Драмски секции во домовите за култура библиотеки во склоп на домовите во кисела вода и бесплатни кино проекции и театарски престави. Сепак најголем предизвик за младите да останат во Македонија е вработувањето на пристојна работно место и станбено обезбедување. Во нашата програма предвидени се и едукативни центри во месните заедници во соработка со надлежните органи на централната власт и имплементирање на младинската гаранција преку која младите ќе имаат можност да се запознаат тоа како да отворат сопствен бизнис и да научат како да направат бизнис план за работа. Не заборавајте овие избори не се помеѓу вмро и сдсм, овие избори, помеѓу заедништво и поделеност ако ги споделувате овие идеи и визии придружете ни се, заедно можеме повеќе, заедно да изградиме подобар живот за сите“, изјави Филип Темелковски, Кандидат за Градоначалник на Кисела Вода.