(ВИДЕО) Темелковски: Детските игралишта ќе бидат места на смеа и џагор

Од:

„Сцените на запуштени детски игралишта и запуштени паркови ќе бидат минато во Општината Кисела Вода. За таа цел имаме конкретни мерки и решенија во нашата програма за живот во Кисела Вода. Првично ќе ги одржуваме сите постоечки детски игралишта на територијата на општина Кисела Вода.

Соодветно ќе ги опремиме со нови реквизити за да може младите што повеќе време да поминуваат во тие игралишта.

Дополнително општината има обврска за одржување на сите зелени и јавни површини на територија на општина Кисела Вода.

Здравјето и хигиената мора да бидат приоритет на нашите сограѓани. На крај ќе изградиме зелени оази во сите урбани заедници на територија на Општина Кисела Вода.

Зелени површини кои што ќе служат за прочистување на воздухот на територија на Општина Кисела Вода и за многу поголемо маалско дружење на нашите сограѓани“, изјави Филип Темелковски, Кандидат за Градоначалник на Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ