(ВИДЕО) Теловска: Имаме план за достоинствен живот во Чаир!

Од:

„Имаме план, имаме програма за достоинствен живот во Чаир!

Знаеме како да ја намалиме невработеноста во Чаир, да ја намалиме сиромаштијата, да го подобриме квалитетот на живеење во општина Чаир;
Ќе се грижиме за инфраструктурата и комуналните работи;
Ќе направиме велосипедска патека;
Ќе го средиме слободниот паркинг простор;
Ќе ја зголемиме безбедноста на улиците;
Ќе се грижиме за здрава животна средина;
Развој на културата и туризмот;
Грижа за образованието и науката;
Ќе се грижиме за спортот и младите во општина Чаир;
Социјална заштита и грижа за децата, потоа за сите ранливи групи и за старите лица.

I. Општината постојано ќе работи на локален економски развој.
Со водење добра локална политика, поддршка на развојот на малите и средни претпријатија и претприемништвото, како и развојот на локалната мрежа на институции и агенции, општина Чаир ќе овозможи услови и можности за брз и модерен начин на развивање на стопанството, со цел да биде современа економска општина, во која ќе се подобри квалитетот на живеење на граѓаните.

II. Општината ќе вложува во инфраструктурата и комуналните работи.
Помеѓу поважните проекти се:
Реконструкција на улицата:
1. Втора Македонска Бригада
2. Ферид Мурати
3. Лазо Трпковски
4. Македонско Косовска Бригада
5. Булевар Никола Карев (пластичарска)
• Ќе направиме реконструкција и санација на општинските улици
– Крсте Асенов
– Никола Малешевски
– Благоја Паровиќ
– Павле Илиќ во
– Пере Тошев
– Коста Абрашевиќ
– Серaвa
– Ордан Чопела
– Ѓорѓи Поп Христов
– Панче Неделковски
• Во соработка со град Скопје, ќе изградиме велосипедска патека од Бутел преку Чаир до Центар;
• Ќе го средиме паркинг- просторот

Ќе дефинираме Стратегија за управување со општинските паркиралишта и ќе обезбедиме нејзино спроведување. Стратегијата ќе ги дефинира:
– Условите за паркирање;
– Поставување знаци за известување во врска со режимот на користењето на паркингот;
– Наплата на такса и контрола на наплатата за користење на паркингот;
– Контрола при користење на јавните паркинзи;
– Отстранување и чување на возилата на посебно одредени локации;
– Одржување на јавните паркиралишта (чистење, миење);
– Отстранување на неисправните и нерегистрирани возила.
• Ќе ја зголемиме безбедноста на улиците,

Со поставување легнати полицајци, изградба тротоари по стандард, обележување на улиците и раскрсниците и осветлување на улиците и на парковите;
• Воведување на автобуска линија на градскиот јавен превоз на улицата „Кемал Сејфула”.
• Ќе се грижиме за животната средина, преку:
1. Обновување на парковите во Општина Чаир
Наша цел е повторно да го вратиме зеленилото во Чаир, опремување со клупи, фонтани, мини игралишта за деца и други потребни реквизити.
• Ќе засадиме најмалку 10.000 нови садници
2. Поставување на подземни контејнери
3. Субвенција за набавка на нови велосипеди за граѓаните
• Развој на дистрибутивнa мрежa за гас во Чаир и субвенционирање преку покривање на дел од трошокот на домаќинствата, намалување на давачки, мерки за стимулација за градба и користење во детските градинки, училишта, и други јавни установи.
• Субвенции за греење со пелети

III. Развој на културата и туризмот
• Обновување на фасадата на старата скопска чаршија
Ќе го вратиме сјајот на оваа најголема чаршија во Република Македонија од средновековен и ориентален тип.

IV. Грижа за образованието и науката, преку осовременување и унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес на сите степени (во основно, средно и високо образование) и создавање кадри кои ќе бидат конкурентни на пазарот.

Најважни проекти што ќе се спроведуваат, ќе бидат:
• Изградба на спортска сала во ОУ „Јане Сандански“
• Реконструкција на кров и прозори во ОУ „Цветан Димов“
• Реконструкција на кров и санитарии во СОУ „Цветан Димов“
• Изградба на нов објект за потребите на ОУ „Иднина“
• Реконструкција на кров во ОУ „Никола Вапцаров“
• Реконструкција на кров и прозори во ОУ „Васил Главинов“
• Реконструкција на санитарии во ОУ „Јане Сандански“
• Грижа за спортот и младите

Ќе се стремиме младите да имаат поголемо учество во креирањето политики и во донесувањето на одлуки, со што младиот човек нема да биде само пасивен набљудувач, туку и активен фактор. Со реализирање на проектите од областа на спортот, исто така ќе придонесеме за рекреирање на граѓаните во општината.

• Ќе направиме реконструкција на спортската сала Партизан, со нов паркет, спортска опрема за мал фудбал, кошарка, одбојка, пинг понг и гимнастика.
• Изградба на СРЦ „Топанско поле“
Овој проект вкучува адаптација на базенот, спортската сала и изградба на терени за различни спортови (ракомет, кошарка, одбојка, куглана и др.).
• Изградба на 2 кошаркарски игралишта

V. Во однос на социјалната заштита, ќе работиме на унапредување на положбата на ранливите групи во локалниот контекст на заедницата.
Обезбедување на достоинствен живот на старите лица преку развој на сервисни служби, ширење на мрежата на вон институционални облици со социјално заштитна функција за лицата со инвалидност, децата без родители и родителска грижа.

Нашите најважни проекти, во следниот четиригодишен период ќе бидат:
• Пристапни рампи – право на секое лице со инвалидност, за да се овозможи достапна средина за лицата со посебни потреби во сите сфери на општественото живеење.
• Ќе утврдиме локација и објект за Дневен центар за деца со пречки во развој
• Отварање на детски градинки
Планираме отворање на две нови детски градинки во општина Чаир, и реконструкција и проширување на постоечките, согласно потребите. Воедно, ќе извршим доекипирање на постојните градинки со персонал, со цел поквалитетна грижа за децата во развој.
• Ќе го развиваме волонтеризмот, за грижа за стари, болни и изнемоштени лица.

Почитувани, не смееме да ја пропуштиме приликата, да го вратиме сјајот на Чаир, заедно и со работа!

Да излеземе на овие локални избори најмасовно, да го заокружиме бројот 13, за Чаир и за Македонија!“, изјави Нермин Теловска, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Чаир.

Би можело да ве интересира

Јасен е победеникот на овие локални избори, а тоа е владиното мнозинство, вели Мицкоски

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа утре во Собрание

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје