(ВИДЕО) Ташевска од ОК Гази Баба: Георгиевски вие заборавате ама граѓаните не забораваат што им ветувавте

Од:

„Претстоечката изборна кампања за претседателските избори го раздвижи и градоначалникот на општина Гази Баба, Борче Георгиевски. Конечно се одважи да го напушти својот кабинет и предизборно да се фотографира со тековни активности кои се минимални во споредба со неговите ветувања за време на локалните избори“, рече Злата Ташевска, од ВМРО-ДПМНЕ.

„Господине Георгиевски вие заборавате, но граѓаните не забораваат и бараат да го исполните она што сте го ветиле и за кое плаќаат даноци. Добро би било да им одговорите на граѓаните од урбаната заедница Керамидница до каде е изградбата на училиште и детска градинка, до каде е изградбата на базенот во урбана заедница Хиподром, изградбата на градинките во Сингелиќ, Инџиково и Трубарево. Поминува и втората година од вашиот мандат, а нема ниту една тула од најавените катни гаражи како и ветените водоводни и канализациони системи во руралните средини во општината. Како планирате да ги завршите овие ветени проекти до крајот на мандатот кога ги немате ни почнато.

Господине Георгиевски оставете ги претседателските избори, не сте избран и платен за да учествувате во нив. Не го затскривајте вашето неработење со појавување во предизборната кампања. Од вашиот избор за градоначалник на општина Гази Баба, граѓаните не го забележуваат вашето присуство на терен освен во удобната градоначалничка фотелја. Имате обврска да работите цело време и во интерес на сите даночни обврзници, а не само во интерес на вашата партија“, изјави Злата Ташевска, од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски