(ВИДЕО) Taсевска: Со социјалната реформа воведуваме гарантирана минимална помош за намалување на сиромаштијата

Од:

Со воведувањето на социјалната реформа, правиме преобразба на системот за социјална заштита и градиме систем кој извлекува од сиромаштија. Со социјалната реформа, се воведува семеен пакет од право на Гарантирана минимална помош со Додаток за покривање на дел од трошоците за потрошувачката на енергенси во домаќинството, детски додаток, како и додаток за образование.На овој начин, значително се зголемува помошта за домаќинствата во социјален ризик, изјави Лидија Тасевска пратеничка на СДСМ на денешната прес конференција.

Корисниците на Гарантираната минимална помош, за прв пат ќе добијат и детски додаток како и додаток за основно образование. Досегашната програма за условен паричен надоместок за средно образование, сега се трансформира во право на додаток за образование. Во зависност од структурата на членовите на домаќинството и надоместоците што тие ќе ги оставарат, висината на средствата за помош ќе се утвди  за секое домаќинство посебно согласно Закнот за социјална заштита и Законот за заштита на децата, рече Тасевска.

Претставено низ пример, со социјалната реформа, четиричлено семејство со две деца кои посетуваат училиште би користело месечен надоместок од 10.600 денари. Ова е само дел од низата реформи од социјалната реформа која има за цел да извлекува од сиромаштија, да ги унапредува правата на лицата со попреченост и да ја унапреди грижата за децата. Како одговорна партија остануваме посветени на реализација на мерките и политиките што обезбедуваат квалитетни услови за живот на сите граѓани. Градиме фер и праведно општество на еднакви граѓани, објасни Тасевска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината