(ВИДЕО) Тасевска: Амандмански овозможуваме финансиска поддршка за субјекти од кожарско преработувачката и текстилната индустрија

Од:

„Овозможуваме подеднакви услови за економски развој за сите компании кои што се подготвени да инвестираат и да работат во Македонија.

На иницијатива на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, денеска, Комисијата за економски прашања усвои амандман на Предлог-законот за финансиска поддршка на инвестиции, кој овозможува со финансиска поддршка да бидат опфатени деловните субјекти од кожарско преработувачката и текстилната индустрија“, изјави Лидија Тасевска, пратеник на СДСМ.

„На овој начин се зголемува опфатот на домашни компании и деловни субјекти кои што ќе можат да добијат поддршка за натамошен економски развој и напредок.

Деловните субјекти од кожарско преработувачката и текстилната индустрија, најдоцна во рок од две години од денот на влегување во сила на овој закон, може да поднесуваат барања за исплата на финансиска поддршка за реализирани оправдани инвестициски трошоци.

За разлика од досега, кога предност имаа само странските компании овој закон ќе овозможи подеднаква поддршка и на домашните и на странските компании.

Законот за финансиска поддршка на инвестициите претставува транспарентен механизам кој ќе обезбеди поддршка на многу поголем број на компании, пораст на економијата, што значи и нови работни места и повисок стандард.

Очекуваме со имплементација на овој Закон да се поттикнат нови инвестиции, компаниите технолошки да се развиваат, да отвораат нови работни места со подобри плати и да ја зголемат конкурентноста“, рече Лидија Тасевска, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он