(ВИДЕО) Тасева: Дебатата за специјалниот јавен обвинител не треба да се води зад затворени врати

Од:

Наместо специјален јавен обвинител треба да се формира специјално јавно обвинителство, порача Слаѓана Тасева на дебатата на ФООМ, “Каков специјален јавен обвинител и е потребен на Република Македонија“?

-Ние сакаме да најдеме споредба или да преточиме примери каде постоеле вакви случаи, но вакво нешто не постоело никаде досега. Случајот “Вотегрејт“ во САД беше еден случај за кој беше наименуван еден специјален обвинител, кој понатаму го префрли на Врховниот суд, зошто не беше предвидено кој може да постапува кога треба да се испитува претседателот.

Сето друго што го гледаме глобално, е формирање на специјални институции, во Црна Гора називот на институцијата е Специјален јавен обвинител, но не се разликува од јавното обвинителство за организиран криминал во Романија и Хрватска.

Ние се соочивме со нов проблем, специфика која навлегува во човековите права, кои се загарантирани со Уставот и кои од друга страна ни откриваат маса дејствија за кои треба да се водат посебни истраги, рече Тасева.

Политиката успеа да не вовлече во несоодветна политичка дебата, ова треба да е правна дебата, а не политичка дебата. Треба да се размисли за концептите, за да се стигне до решението. Мислам дека оваа дебата треба да се извади надвор од политиката и да не се ставиме пред свршен чин, политичарите да ни стават на маса нешто кое ќе го имаме како декор на ѕидот-ќе го имаме специјалниот јавен обвинител кој нема да има услови да работи или сите прашања да ги реши кои очекуваме дека треба да ги сработи, рече Тасева.

Треба да се знаат и сите гаранции за таа институција и тие луѓе кои ќе бидат таму, се поставува прашањето што понатаму?

-Процесуирањето на случаите, судовите, ова е само еден почеток и не е прифатливо сега да имаме некакви четири верзии на закон за специјален обвинител, секоја партија си прави своја верзија и после ќе ги спојуваат нивните ставови и потреби, а тие се како и досега-ништо да не се смени, само да задоволиме некој форма или решение. Затоа не верувам во искреноста на овој процес кој што се води зад затворени врати, рече Тасева.

Би можело да ве интересира

Дисциплинската комисија утврди крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје, се бара негово разрешување

Апелација ги уважи жалбите на Обвинителство и им определи ефективен 30 дневен притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Обвинителството нареди, а полицијата го уапси бизнисменот Ристо Крмзов

Двајца браќа и нивен пријател се осомничени за убиство во Скопје

Обвинителството отвори предмет за деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир