ВИДЕО: Тачи и Груевски со спротивни позиции

Од:

По средбата на Мендух Тачи со премиерот Никола Груевски во Владата, лидерот на ДПА кажа дека двајцата имаат сосема спротивни ставови.

Да ви кажам јас и премиерот не се сложуваме за многу работи, имаме дијаментрално спротивни ставови за многу работи, но заедно се сложивме дека интеграциските процеси треба да бидат приоритет за сите политички партии. Разговаравме за локалните избори. Владата е главно одговорна зашто ги има сите инструменти за да бидат тие избори коректни, фер и демократски. Го потсетив премиерот дека високи челници на ДУИ поминаа веќе четири години, а не се казнети и не се прогласени виновни. Кои се тие судии што ги прогласија за невини, зашто записниците од полицијата кажуваат нешто друго. Се договоривме изборните штабови технички да комуницираат за да не дојде до судир за време на кампањата.

Тачи на прашање дали разговарале за локалните избори одговори негативно.

Во однос на ставот на Тачи од пред некој кога кажа дека очекува предвремни парламентарни изборви во јуни или јули, тој одговори:

Тоа е моја проценка, бидејќи ДПА ќе ја победи ДУИ на локалните избори со најмалку еден глас повеќе и тогаш барањата на ДПА ќе бидат за предвремени избори.

Тачи рече дека со Груевски не разговарале за актуелната политичка ситуација во земјава.

ВМРО-ДПМНЕ во 2006.година ја избра ДПА за коалициски партнер, иако ДУИ имаше повеќе собраниски мандати. Додека Тачи му беше во Влада, Груевски за Мајскиот договор преговараше со Ахмети. Во 2008 година, Груевски ги донесе ДУИ и Ахмети во Влада.

Тачи и неговата партија беа жестоки критичари на ДУИ но и на Груевски, дека водат антиалбанска политика.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО