ВИДЕО: Свештени лица со молитви и икони го бркаа коронавирусот во Кавадарци и Велес

Од:

Свештени лица со икони, качени во камионет со молитви ги осветуваа улиците на Кавадарци и Велес. Тамошните жители, видеата си споделија на социјалните мрежи. Од нив може да се види дека четири свештени лица се во камионетот, а со нив носат и македонско знаме, како и знамето на Македонската православна црква.

"Дезинфекција на ниво"Is this real life?

Posted by Jana Spasovska on Среда, 25 март 2020

Отец Бобан, кој е и портпарол на МПЦ е недостапен за коментар, за да каже дали за ова Македонската православна црква дала дозвола.

Социјалните мрежи вријат со коментари дека свештените лица биле излезени на улиците за да го избркаат коронавирусот.

Претходно, Митрополитот Петар за „А1он“ изјави дека најголемите болници за лекување на болните се црквите при што посочи дека нема да ги затворат. Според него, Македонската православна црква и православната вера не дозволуваат затворање на храмовите и ниту еден верник нема да биде вратен од литургија или пак ако сака да добие услуга од црквата а свештениците ќе ги посетуваат домовите доколку некој ги повика.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски