(ВИДЕО) Сугарески: Собранието да се распушти, пратениците на Груевски да не кочат!

Од:

„Ве информирам дека денес пратеничката група на СДСМ и коалициските партнери во Парламентот поднесуваме барање за распуштање на Собранието.

Како дел од политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, ние пратениците сме должни да покажеме дека остануваме на договорените позиции што се во интерес на разрешување на политичката криза и овозможување достинствен живот за граѓаните на Република Македонија.

Секој обид за одлагање на распуштањето на Собранието од страна на мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, ќе биде доказ плус дека власта на Никола Груевски сака да избега од избори на 11 декември“, изјави Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на СДСМ и опозицијата.

Кога очекувате да се распушти Собранието со оглед на фактот што расправата за Буџетот е закажана за 17 октомври?

Денеска го поднесуваме барањето со назнака за одржување на итна седница и со тоа кажуваме се. Ние сме за избори на 11 декември и бараме веднаш да се свика итна седница на Собранието бидејќи сме влезени во законските рокови за распишување на избори.

Што ќе биде со законите за СЈО, за заштитени сведоци, и со шестата изборна единица?

Бидејќи бараме итна седница уште во текот на денешниот ден, за сите овие работи слободно нека дадат предлог коалиционите партнери, согласно мнозинството кое го имаат во ова Собрание, можат да стават на дневен ред уште денеска сите овие проблеми да бидат разрешени и до полноќ Собранието да биде распуштено.

Дали доколку овие закони не се стават на дневен ред ќе одите на избори без тие закони?

Значи, ние денеска поднесуваме барање. Ние сме едни од потписничките на Договорот од Пржино, и согласно договореното на 11 декември ние одиме на избори.

Очекувате владеачкото мнозинство да ја прифати иницијативата?

Ова е она што со години го зборуваме дека сме за избори меѓутоа никогаш нема да дозволиме уште еднаш криминални избори да бидат организирани во Макеоднија како претходните неколку циклуси. Тоа нема да се случи. На 11 декември ќе има фер и демократски избори. Предизвикот е многу јасен – денеска даваме предлог за распуштање на Собранието. Почесна и почиста намера не може политичка партија да даде. Слободно, уште веднаш ги повикувам да се изјаснат од оваа говорница, да слеземе долу во пленарната сала и да го распуштиме Собранието.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он